„Тука ќе ја најдете вистината. Таа Ви се скрила како светлина во водата, обидете се барем за миг да ја имате во дланка заедно со водата“
На источната страна од Охридската котлина се наоѓаат планините Петрино и Галичица, а на нивните подножја се расфрлени десетина села. Едно од нив е и Велгошти, раскрилено на подножјето на Исток Планина и огледано во езерските одблесоци на Охридското Езеро. Велгошти е едно од најстарите и најубавите села во Охридско и Македонија.
Над селото се издигнува манастирот Св. Петка, на што Велгоштани се посебно горди. Манастирот е посветен на преподобната маченица света Петка Параскева Римјанка и е познат по својата природна раскошна убавина. Овој манастир е духовно огледало на селото Велгошти, каде историските текови и времиња се сплотени во една духовна целина.

За училиштето

        Во 2014 година изминуваат 138 години од постоењето и работењето на првото основно училиште во Велгошти. Тоа својата работа ја отпочнало во далечната 1876 година со 35 ученици. Оттогаш па се до денес, училиштето во Велгошти егзистирало на различна местоположба и под различни имиња, за во 1983 година ја добие сегашната местоположба, а од 2001 година почнува да го носи името на светски признатиот писател, Велгоштанецот Живко Чинго.
Училиштето Живко Чинго е училиште од кое излегле околу 22 500 ученици, од кои голем дел го продолжиле своето образование, а голем е бројот и на оние кои се стекнале со докторски титули.

Лична карта на Училиштето

Нашето училиште Живко Чинго е лоцирано на јужната страна од центарот на село Велгошти, само 3 километри оддалечено од градот Охрид.

Училиштето располага со:

  • 9 современо опремени училници
  • други опремени канцеларии и простории
  • кабинет по информатика
  • библиотека
  • богата нагледност
  • голем училишен поплочен двор
  • спортски терен за фудбал, ракомет и одбојка
  • нова спортска сала во дворот на училиштето

Во училниците се поставени компјутери што континуирано се користат за реализирање на наставата и за разни проектни активности. Располагаме со многу нагледни средства, набавени од разни извори, но и изработени од рацете на нашите наставници и ученици.
Денес во училиштето Живко Чинго учат вкупно 264 ученици, распределени во 17 паралелки од И до ВИИИ одд.

Leave a Comment