Мисија на училиштето

Мисијата на нашето училиште е преку еднакво и квалитетно образование за сите да се формираат зрели образовани и воспитани млади личности, кои успешно ќе се вклучат во тековите на современото општество и ќе учествуваат во неговото креирање. Училиштето е безбедно место за учење и работа.

Нашето училиште нуди воспитно – образовни услуги за учениците од населеното место Велгошти, индивидуално напредување на секој ученик според своите можности, користење на што повеќе наставни нагледни средства во наставата. Вработените максимално ќе се залагаат училиштето да биде безбедно место за учење и престој на учениците.

Мотото на нашето училиште е: Вчера бев паметен. Сакав да го променам светот. Денес сум мудар. Сакам да се менувам себе си.

Слогани на нашето училиште:

“Воспитан и образован човек е комплетна личност.”
“Знаењето прави да се гордееш со себе.”
“Биди толерантен, залагај се за ненасилно однесување.”

Визија на училиштето

Стремежите на нашето училиште првенствено се насочени кон обезбедување на поволна социјална клима и унапредување на комуникацијата на релација училиште – ученик – семејство. Во наредниот период исто така ќе се работи на успешно имплементирање на новите наставни планови и програми на деветгодишното основно образование, подобрување на условите за работа. Училиштето ќе се залага за поголема безбедност на учениците во училиштето.

Leave a Comment