ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Нашето училиште Живко Чинго е лоцирано на јужната страна од центарот на село Велгошти, само 3 километри оддалечено од градот Охрид.

 

Училиштето располага со:

– 9 современо опремени училници

– други опремени канцеларии и простории

– кабинет по информатика

– библиотека

– богата нагледност

– голем училишен поплочен двор

– спортски терен за фудбал, ракомет и одбојка

– нова спортска сала во дворот на училиштето

 

 

Во училниците се поставени компјутери што континуирано се користат за реализирање на наставата и за разни проектни активности. Располагаме со многу нагледни средства, набавени од разни извори, но и изработени од рацете на нашите наставници и ученици.

Денес во училиштето Живко Чинго учат вкупно 264 ученици, распределени во 17 паралелки од I до VIII одд.

 

ouzivkocingo

Leave a Comment