Ученикот Дамјан Митрески од “О.У. Живко Чинго” с. Велгошти под менторство на професорката по македонски јазик Снежана Стојаноска добива прва награда за литературна творба, по повод меѓународниот ден на таткото кој беше објавен од страна на Женски центар Бисера – Охрид по објавениот награден конкурс на тема татко. Во прилог песната :

„ТАТКО“

Како што сонцето ме грее,

како што ветерот оддишка ми дава,

како што лебот ми е мил,

како што срцево е врзано со секоја клетка,

како што мислите ми се бесконечни и

бесконечна е љубовта и почитта кон тебе.

Сплотени во разбирање и

заедничка живеачка

ден по ден, чекор по чекор,

мисла по мисла,

среќа за целото семејство,

да се има татко

Да се има и сила и крилја.

И ништо не би било исто,

ниту би имало смисла,

ниту би имало цел.

Без тебе, татко наш,

ти си од сите нас дел.

 

Дамјан Митрески VIIIa одд.

ОУ „Живко Чинго“ –Велгошти

Ментор Снежана Стојаноска

Дамјан Митрески VIIIa одд.

Дамјан Митрески VIII a одд. ОУ „Живко Чинго“ –Велгошти Ментор Снежана Стојаноска

ouzivkocingo

Leave a Comment