Пристигна и втората интерактивна електронска табла во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, со цел учениците да имаат подобро образование.

Првата табла учениците ја добија пред околу еден месец, која е донација од американското здружение Macedonian school project, додека пак оваа табла, училиштето ја набави со сопствени финансиски средства.ouzivkocingoelektronskitabli2
„Со овие интерактивни електронски табли, наставниците ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатуваат предавањата и ќе им дадат поголемо знаење на учениците.“– информираат од ОУ „Живко Чинго“.

Оттаму додаваат дека во второто полугодие од учебната 2016/2017 година ќе биде набавена и уште една интерактивна електронска табла.

ouzivkocingo
Превземено од : http://www.webohrid.com/

Линк : http://www.webohrid.com/2016/12/21/pristigna-i-vtorata-elektronska-tabla-vo-ou-zivko-cingo/

ouzivkocingo

Leave a Comment