Наставата во нашето училиште се одвива во современи услови по сите стандарди, со професионален кадар и со постојана примена на интеракција во наставата.
Слободните ученички активности се работат по своја програма, насочувани од одговорните наставници. Нивната активност доаѓа до израз при одбележувањето на значајни датуми и празници, како и при училишните, општинските и регионалните натпревари во знаење и спорт. Настапуваме во одбележувањето на сите позначајни манифестации на општинско ниво, а исто така ученици од нашето училиште учествуваат на сите општински, регионални, па дури и државни натпревари.
Секоја година по повод 1 ви април – Денот на шегата организираме Априлијада збогатена со спортски натпревари.

Проекти

Во моментов во нашето училиште преку Проект од Светска Банка во соработка со Владата на РМ, се вршат градежни зафати на фасадата на училиштето и реконструкција на сите санитарни јазли со водоводна и електрична инсталација.
Од оваа година во нашето училиште се подобрија условите за успешна реализација на наставата по ФЗО, бидејќи во функција се стави новоизградената сала од Агенција за млади и спорт, Тодор Александров. На 4 март 2014 година бевме домаќини на голем спортски настан, на кој во различни дисциплини учествуваа екипи од сите општински и некои соседни училишта.

Еко Проекти

Од 2012 година сме вклучени во проектот Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Во рамките на овој проект се изработи план на активности што редовно се реализира и така се придонесува за здрав живот и здрава средина.
Изготвен е Еко кодекс на училиштето, а со негово почитување се придонесува за подобрување на хигиената во училиштето. Формирана е Еко патрола која одговорно и совесно ја извршува својата работа, а сите заедно се грижиме за целосна примена на ЕКО правилникот.
Во овој период започнуваме со имплементација на проектот за мултиетничка интеграција во образованието.
Од оваа учебна година во просториите на нашето училиште се отвори детска градинка, каде се создадоа услови за воспитание и образование за децата од најмала возраст во Велгошти.

Leave a Comment