OUZivkoCingoVelgosti-620x360
Основното училиште „Живко Чинго” oд Велгошти откако неодамна заврши со реконструкцијата на училишната зграда, деновиве заврши со изградбата на наменски наставни кабинети, со што од септември започнува со т.н. кабинетска настава.

„Можам да кажам дека по долго очекување на моја и на радост и задоволство на наставниот кадар, изградивме кабинети во нашето училиште. Целта е подобрување на наставата и постигнување на поголеми резултати на учениците“ – изјави за WebOhrid, директорот Ѓоко Чингоски, кој уште додаде:

„ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти континуирано води грижа и сметка за модернизација на училиштето. Ова училиште со Проектот за меѓуетничка интеграција за образование конкурираше во проектот „Градиме мостови” кој е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Токму за овој проект ние добивме и грант од 1500 евра кои наменски се искористени.“- додаде Чингоски.

KabinetskaNastavaZivkoCingo
Превземено од : www.webohrid.com
Линк : http://www.webohrid.com/2015/05/01/ucilisteto-vo-velgosti-od-septemvri-so-kabinetska-nastava/

ouzivkocingo

Leave a Comment